21.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

По 13 години, Бритни Спирс е слободна

Најчитани вести

Судот во Лос Анџелес стави крај на 13-годишната голгота која поп легендата ја нарече трауматизирачка и навредлива.

Бритни Спирс конечно беше ослободена од рестриктивниот законски договор во петокот попладне од страна на судијка во Лос Анџелес, која пресуди во корист на прекинување на спорното старателство.

„Судот утврди дека конзерватoрскиот надзор над лицето и имотот на Бритни Џин Спирс повеќе не е потребен“, пресуди судијката Бренда Пени во петокот попладне.

Набргу по радосната вест, Бритни се огласи на Инстаграм за да ја прослави нејзината победа и да им се заблагодари на своите верни фанови, кои две години претходно го започнаа движењето „Ослободете ја Бритни“ во 2019 година.

„Ги сакам моите фанови толку многу што е лудо“, напиша таа, споделувајќи видео од прославата што избувна на улиците пред судницата. „Мислам дека ќе плачам остатокот од денот !!!! Најубавиот ден досега.“

Рочиштето на 12 ноември беше кратко и течеше без проблеми бидејќи сите страни беа согласни за прекинот. Поп-ѕвездата не беше присутна на рочиштето.

Адвокатот на пејачката, Метју Розенгарт, прочита дел од сведочењето на неговата клиентка што таа го даде уште во јуни, наведувајќи дека нејзина желба е конзерваторскиот надзор да заврши без евалуација. „Записот е јасен“, рече Розенгарт. „Денес дојде време“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com