-9 C
Skopje
Wednesday, January 20, 2021

По суспензијата од ВАДА: Русија ќе можела да игра на СП 2022, ама како – безимена држава?!

Најчитани вести

Една од најголемите спортски нации на светот, Русија вчера доби четиригодишна суспензија од Светската анти-допинг агенција (ВАДА) поради систематско допингување на своите спортисти, поради која Русите нема да може да се натпреваруваат на Летните Олимписки игри во Токио идната година, како и на светското фудбалско првенство во 2022 година во Катар.

Но, во исчекување ФИФА да ја потврди суспензијата изречена од ВАДА, сепак за Русија постои шанса да се најде на СП 2022, ако фудбалската селекција се пријави како – безимена држава. Односно, фудбалерите да настапат практично самостојно, без националното знаме, без химна… Нешто слично, како што спортисти од Русија се натпреваруваа под олимпиското знаме на ЗОИ во Пјонгчанг минатата зима.

Русија ќе игра во европските квалификации за пласман на СП, преку кои за пласман ќе треба да го обезбеди првото место во некоја од десетте групи или преку баражот да стигне до виза, а за место во баражот ќе треба да биде најмалку втора во квалификациите или меѓу двете најдобри во второто издание на Лига на нации од селекциите што не обезбедиле директен пласман или бараж преку квалификацискиот филтер.

„Ако се пласираат, како тим на Русија не може да учествуваат. Но, постои механизам, кој им овозможува да се пријават за учество како неутрална селекција, а не како претставници на Русија“, вели Џонатан Тејлор, шефот на жалбената комисија на ВАДА.

Но, иако од светската анти-допинг агенција им покажуваат алтернативен план на Русите, ФИФА на крајот ќе треба да пресече. Зашто настап на безимена држава на фудбалски Мундијал е невозможно, поради принципите на светската фудбалска организација и Статутот во кој право на учество имаат само селекции кои претставуваат национална федерација која е членка на ФИФА.

„На ФИФА е сега да имплементира нешто ново, но што и да направат мора да е во согласност во ВАДА“, додава Тејлор.

Русите најавија жалбена постапка, во која повеќе од извесно е дека ВАДА нема нешто да промени во својата одлука, па најреално е процесот да се води на спортскиот Арбитражен суд во Лозана (КАС). Во меѓувреме, Русија не е исфрлена од настапи во Европа, па без проблем ќе игра на претстојното Евро 2020, кое се одржува низ цела Европа, а Санкт Петербург е домаќин на мечеви. Овој град со својот „Крестовски стадион“ во 2021 година ќе биде домаќин и на финалето во Лигата на шампионите.

Русија одлуката за суспензија ја окарактеризира како „антируска хистерија“, која одамна трае против најголемата земја на светот од страна на Западот.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести