Home » По Софија, Османи на балтичка турнеја на средби со Ландсбергис, Реинсалу и Ринкевичс

По Софија, Османи на балтичка турнеја на средби со Ландсбергис, Реинсалу и Ринкевичс

by Журнал.мк

По дводневната посета на Република Бугарија, на агендата на министерот за надворешни работи Бујар Османи е балтичката турнеја.

Oд денеска до петок (9-11 ноември 2022) во Вилнус, Талин и во Рига, Османи ќе се сретне со министрите за надворешни работи – Ландсбергис, Реинсалу и Ринкевичс, при што ќе ја реафирмира нашата поддршка за зајакнување на источното крило на НАТО во одбрана на европскиот континент како последица на променетиот геополитички контекст, ќе го промовира европското досие на Северна Македонија, која поминува низ скрининг-процесот на Унијата, и приоритетите на претседавањето на земјата со Организацијата за безбедност и соработка на Европа.

Во рамките на денешната официјална посета на Република Литванија министерот ќе се сретне со својот колега Габриелиус Ландсбергис и со спикерот на Сејмот, односно Собранието на Литванија, Викторија Ниелсен. Османи исто така ќе се обрати на „Вилнус форумот 2022“ – „Иднината на демократијата“, на панелот на тема „Што ќе ја замени раздробената глобална безбедносна архитектура?“ Се планира и посета на НАТО-центарот за извонредност за енергетска безбедност (NATO Energy Security Centre of Excellence).

За време на официјалната посета на Република Естонија, утре Османи ќе се сретне со министерот за надворешни работи, Урмас Реинсалу, како и со спикерот на естонскиот законодавен дом, Јури Рутас. На маргините на престојот во Талин се планира посета на Естонскиот центар за меѓународен развој и на НАТО-центарот за извонредност за соработка во киберодбраната (NATO Cooperative Cyber Defence Centre of Excellence).

В петок Османи ќе престојува во работна посета во Република Латвија, при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Едгарс Ринкевичс, како и со претседателот на собраниската комисија за надворешна политика, Рихард Колс. Меѓу другото, се планира и средба со војниците од Северна Македонија, кои се дел од словенечкиот контингент.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More