9.8 C
Skopje
Monday, December 6, 2021

По сите прозивки на Аца Лукас се огласи и Лепа Брена: „Од непријателите учам најдобро“

Најчитани вести

Деновиве главна тема во медиумите беше естрадната војна меѓу Аца Лукас и Јелена Карлеуша кои преку социјалните мрежи си кажаа тешки зборови и го прекинаа пријателството.

Меѓутоа, пејачот удри и по пејачката Лепа Брена истакнувајќи дека нејзиниот настан на Ушќе наликува на циркус.

Тој исто така истакна дека на Брена и е лут бидејќи таа наводно криела дека неговата поранешна сопруга го изневерува и го канела на прослави и забави, а зад грб наводно му зборувала дека тој е коцкар и го*но.

о Брена, таа се појавуваше на секое снимање на Гранд. Откако настана конфликтот, таа почна да не се појавува. Можеби имала грип кој се вика „Аца Лукас“.Можеби не сум јас причината, но не можам повеќе да чекам да се сретнеме. Луѓето ме прашуваат дали сум лут на неа што ги запозна Марко и Соња. Не е тоа причина, бидејќи Соња и Марко не се запознаа кај Брена. Се запознаа во Белград,  а се гледаа во Мајами. Брена го знаеше тоа, но не сум лут на неа поради тоа. Потоа, како пријател и се јавив да ја прашам дали еден ден во Мајами трае 48 часа? Не се лутев, само сакав да се пошегувам. Не ја обвинувам Брена за мојот развод, но важно е тоа што таа седеше со мене дома, а потоа сешто зборуваше за мене. Што ме поканува на слава ако сум клошар, коцкар, го*но и слично? Имам докази дека го има кажано сето тоа. Гледајте ја во очи кога ќе ја прашате за ова“,  вели Лукас.

Лепа Брена не се огласи по  овие прозивки. Меѓутоа, во исповед на најновиот број на српски Стори, Брена вели: „Најдобро учам од непријателите“!

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com