1.8 C
Skopje
Sunday, January 29, 2023

По регионалните избори во Франција е доведено во прашање рекомпонирањето на политичкиот пејзаж

Најчитани вести

Победата на досегашните претседатели на регионите, како од десницата, така и од и левицата, звучи како предупредување за Емануел Макрон и Марин Ле Пен, на нецела една година од претседателските избори. Досега највисоката апстиненција пред гласачките кутии на околу 66 отсто од гласачкото тело, отвора многу непознати и зборува за одбивноста на политиката кај Французите, јави дописникот на МИА.

Картата на регионите на Франција е сина и розова. Сите претседатели на регионите во заминување кои беа кандидати, без разлика дали се од левицата или десницата, вчера беа реизбрани, на крајот од вториот круг обележан со масовна апстиненција. Додека пред првиот круг, анкетите сугерираа освојување на еден, па дури и на неколку региони во рацете на Националниот собир (РН) на Марин Ле Пен, тоа не се случи, вклучително и во Прованс-Алпи-Азурниот брег, каде претседателот во заминување (Републиканци), Рено Музелје, кој имаше корист од повлекувањето на листата на екологистот Жан Лоран Фелизија ден по првиот круг, во голема мера го победи кандидатот на РН Тиери Маријани, со 57,30 од гласовите наспроти 42,70 отсто.

-Вечерва не освоивме региони, бидејќи кандидатите со помош на против природни сојузи, направија се за да не спречат да им го покажеме на Французите нашиот капацитет да раководиме со регионалната извршна власт, коментираше со горчина Марин Ле Пен.

Што се однесува до Републиката во Марш, вчеравечер, по вториот круг, се најде исцрпена и маргинализирана, без ниту еден регион во кој победи, не можејќи ниту да влијае меѓу двата круга.

Четири години по претседателските избори во 2017 година, кои иницираа длабоко политичко рекомпонирање во корист на Емануел Макрон, овие регионални избори означуваат одмазда за „стариот свет“. И означуваат стопирање на ова рекомпонирање, помалку од една година до следните претседателски избори, кршејќи ги плановите изготвени од Макрон.

Пред два месеци, премиерор Жан Кастекс, објавувајќи го договорот меѓу Републиката во марш и Републиканците во Праванс Алпи Азурен Брег – пежоративно преименуван во „Операција месен нарезок“, сепак уверуваше дека овој сојуз со Рено Музелје, е „пример за политичко рекомпонирање“. Избирачите одлучија поинаку и му испратија порака на Претседателот на Републиката, кој работи од 2017 година да ја скрши десницата и левицата, претставувајќи се како единствен бедем наспроти Националниот собир на Ле Пен..

Меѓу големите победници на изборната вечер, десничарските регионални претседатели во заминување Лоран Вокие, Валери Пекрес и Ксавиер Бертран потсетија дека тие го промениле односот на силите со крајно десничарската партија. Во Горна Франција, Ксавие Бертран го смени балансот на силите со Националниот собир во споредба со 2015 година, истовремено нагласувајќи дека нивната победа е победа со „јасност“ и дека на никој од тројцата не им беа потребни гласовите на Републиката во марш или било какви договори за да победат.

Секој на свој начин, тројцата тенори од десницата се проектираа за претстојните претседателски избори, како на натпревар за да се утврди кој ќе ги носи нејзините бои – над партијата Републиканци, бидејќи Пекрес и Бертран не се веќе таму – за 2022 година.

„Сега, претседателските избори се натпревар меѓу тројцата“, изјави шефот во Горна Франција во денешниот број на Лес Ехос, веднаш позиционирајќи се како природен кандидат за десницата.

-За време на кампањата, ви ја кажав вистината, бев јасен, без да ги сокривам моите намери. Овој резултат ми дава сила да им излезам во пресрет на сите Французи, за да се покрене нашата земја. Има еден предуслов, а тоа е повторното воспоставување на редот и почитта, над гневот и страдањата има пат на надеж. Тој пат на надеж почнува денеска, почнува овде, беше отворен Ксавие Бертран, избран со 52,37 отсто од гласовите, кој веќе го врти погледот кон Елисејската палата.

Претпазливо не застанувајќи на едната и на другата страна, претседателот на Републиканците, Кристијан Жакоб се задоволи со синоќешното тврдење дека неговата партија е сега „единствената сила за замена“.

Првиот секретар на Социјалистичката партија (ПС), Оливие Фор, исто така, ја поздрави победата на социјалистите кои беа „брилијантно реизбрани“ во пет региони, особено во Окситанија. Тие реизборот го водеа самостојно, без поддршка од остатокот од левицата, а особено еколозите, со 57,77 отсто од гласовите.

-Најдобро избраниот регионален претседател во Франција станува од суштинско значење за левицата за идните претседателски избори, изјави поранешниот пратеник на ПС за Херо, Себастијан Денаја. „Ќе треба повеќе да се смета на неа. „А… кој знае? „

Од друга страна, екологистите – Карима Дели во Горна Франција и Жулиен Бају во Ил-де-Франс – кои ги предводеа листите на сојузот на левицата не беа во можност да создадат интензитет. „Левицата се подобрува, таа е во процес на повторно освојување на простор“, сака да верува Оливие Фор, за кого неговата партија – за која во одредени региони не и беа потребни еколозите за да победи – таа е „движечка сила“ околу кој левицата ќе треба да се собере во 2022 година.

Во пресрет на првиот круг, овие избори се пред се сериозно предупредување за финалистите на претседателските избори во 2017 година, Емануел Макрон и Марин Ле Пен, кои доминираа во политичкиот пејзаж, заклучувајќи го цели четири години. Марин Ле Пен го призна поразот, овој пат се погрижи да им се заблагодари на своите гласачи, кои силно ги критикуваше во неделата, на 20 јуни, затоа што не излегле. Минимизирајќи го слабиот перформанс на нејзината партија, таа беше трогната од неизлезеноста, гледајќи ја како „историско граѓанска незадоволство“, што значи „голем сигнал испратен до целата политичка класа, па дури и до целото општество“.

Што се однесува до Емануел Макрон, кој беше лично вклучен во оваа кампања, тој ја гледа Републиката во марш како лансира ново изборно разочарување, по оној на општинските избори во 2020 година, кои беа несреќни за движењето на претседателот на Франција. Во вториот круг на регионалното ниво, Републиката во марш има помалку од седум отсто од гласовите, најлош резултат што некогаш го постигнала партија на власт. Тој не само што не стекна никакви региони, тој и не успеа да се наметне на териториите и не успеа да биде креатор меѓу двата круга.

Претседателот на МоДем Франсоа Бајру испрати „Повик за будење“ за демократијата и мнозинството, кој и препорачува на извршната власт да не ги „минува изборите и да започне одново како што беше порано“.

Емануел Макрон, кој сака што побрзо да ја сврти оваа страница, се чини дека не е желен да ги слуша советите на неговиот сојузник. Тој навестуваше во неделата навечер дека нема да направи поголеми реконструкции како резултат на регионалните избори. И, иако се очекуваат многу разговори за претстојните реформи, ниту тој не планира да зборува веднаш. Под притисок, шефот на државата сепак е поттикнат од некои негови трупи, како министерот за економија, Бруно Ле Маир, да ги „отстрани нејаснотиите“, да зацрта курс и да продолжи со реформите. „

Според политикологот, Бенџамин Морел и покрај малото учество на гласачите, овие регионални избори можат да предизвикаат силна политичка динамика. „Слабата мобилизација им донесе корист на Социјалистичката партија и на Републиканците од две причини. Прво, има награда за излегувачките кандидати, поврзан со нивниот биланс и нивниот углед. Второ, воздржаноста традиционално не влијае на богатите и постарите социјални категории кои ја претставуваат изборната база на десницата и може, маргинално, да завршат со гласање за Социјалсистичката партија. Затоа, од овие избори не треба да се направи плебисцити “, смета тој. Односно претседателските избори во 2022 година се повеќе од било кога непредвидливи“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести