10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

По раскинувањето со турскиот милијардер, Емина Јаховиќ ја обнови врската со поранешниот сопруг Мустафа Сандал?

Најчитани вести

Пејачката Емина Јаховиќ (37) по раскинувањето со турскиот милјардер Садетин Саран (55), наводно повторно ја обновила врската со поранешниот сопруг, турскиот пејач Мустафа Сандал (49).

Имено, пејачката и нејзиниот поранешен сопруг Нова година ќе ја дочекаат заедно во неговиот стан во Истанбул, во друштво на нивните синови Јавуз и Јаман.

Фото: Инстаграм

– Емина и Мустафа решија на својата љубов да дадат уште една шанса. Неодамна беа на вечера и отворено разговараа за се. Признаа дека сè уште постојат емоции помеѓу нив и дека најдобро е повторно да живеат под ист покрив. Ваквата одлука највеќе ја донеле поради нивните синови, кои на двајцата им се центарот на светот – рекол добро известен извор за српскиот весник „Информер“.

– По болниот крај со турскиот милјардер Садет, на Емина поранешниот сопруг и дојде како мелем на рана – додал изворот.

Да потсетиме, пред неколку дена турските медиуми ги фотографираа Емина и Мустафа во попладнедневна прошетка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com