2 C
Skopje
Sunday, March 7, 2021

По разводот: Пит не е подготвен за љубов

Најчитани вести

По разводот од Анџелина Џоли, актерот Бред Пит беше поврзуван со многу жени. Се редеа успешни деловни жени, научници, архитектки, уметнички како и неколку актерки. Сепак, упатените извори тврдат дека Бред се уште не е подготвен за нова љубов.

Пред една недела се појавија гласините дека 30-годишната актерка Алија Шавкат е неговата нова девојка. Водата се разбранува откако тие заедно пристигнале на концертот на Кајне Вест, а потоа и на една изложба во Лос Анџелес.

Пријателите на Бред веднаш застанале во негова одбрана и за магазинот People рекле:

– Тој е многу добар со пријателите и знае да оддржи пријателство. Сака да се јасни работите. Се опкружи со луѓе со кои сака да го поминува времето. Голем обожавател е на уметност и во тој свет има многу пријатели, а некои од нив се жени, но со ниту една не излегува на состаноци.

Тие објасниле дека во дружењето со помладата колешка нема ништо романтично и дека тие се во исклучително пријателски односи.

Иако во текот на последните три години, откако се разведе со Анџелина, се обидуваа да го спојат со разни убави жени, се чини дека на Пит одлично му одговара да е соло.

Правната битка со поранешната сопруга околу старателството врз децата, која се уште не е финализирана, потполно го исцрпила и изгледа дека нема намера да влегува во љубовни врски.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести