28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

ПО РАЗВОДОТ Ким Кардашијан целосно ја менува својата кариера

Најчитани вести

Ријалити ѕвездата повеќе не сака да биде позната по шоуто

Познатата ѕвезда Ким Кардашијан секое утро станува рано за да пишува есеи за правниот факултет. Мајка на четири деца, Норт (7), Чикаго (3), Сент (5)  и Псалм (2), реши да заврши факултет и да ги положи испитите од преостанатите две години, со цел да се трансформира нејзината кариера од ријалити sвезда во адвокат.

Имено, таа ги следи стапките на нејзиниот покоен татко, адвокатот Роберт, кој беше член на тимот за одбрана на Ој Симпсон. „Сè уште сум на правен факултет, ми преостануваат уште две години. Значи, имам две години до дипломата. Јас всушност не пишувам есеј во моментов, туку го правам ова интервју, така што утре ќе треба да станам многу рано за да можам да продолжам да пишувам. Значи, треба да се работи навистина многу “, рече 40-годишната Кардашијан како гостин во „Good Morning Vogue“.

Instagram сензацијата не ја криеше нејзината страст кон затворските реформи, кои се во фокусот на нејзиниот тежок документарец „Kim Kardashian West: The Justice Project“. Среде четиригодишно школување во адвокатска канцеларија во Сан Франциско, и преостануваат уште две години студии пред да успее да го положи правосудниот испит.

Да потсетиме, ријалити sвездата во февруари поднесе барање за развод од еден година постариот сопруг, американскиот рапер Канје Вест. Одлучи да остане и да живее во заедничката вила со децата, додека Канје се пресели во ранчот во Вајоминг.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести