Home » По престрелката со двојно убиство блокиран пристапот кон Калето, укажана лекарска помош на повредениот

По престрелката со двојно убиство блокиран пристапот кон Калето, укажана лекарска помош на повредениот

by Журнал.мк

Едно лице со две прострелни рани е донесено вечерва во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ каде му е укажана помош и е пуштено на домашно лекување.

Вечерва околу 20.15 часот со приватно возило е донесено лице на преглед во нашата клиника.  Констатирана е прострелна рана во предел на левото стопало и поголема рана во предел на десната потколеница. Раните се обработени, направени се потребните снимања, преврзани се и е поставена имобилизиција, по што лицето е пуштено на домашно лекување, односно не е задржано, изјавија за МИА од Градската болница.

Како што посочија, досега е донесено само едно лице во оваа клиника.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk