Home » По падот на поддршката за ЕУ – Маричиќ обучува новинари за борба со анти-ЕУ пропаганда

По падот на поддршката за ЕУ – Маричиќ обучува новинари за борба со анти-ЕУ пропаганда

by Журнал.мк

Нивото на доверба на македонските граѓани во Европската Унија е на рекордно ниско ниво, покажува бројни анализи на на јавното мислење последниве неколку години. Вчера вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја отвори обуката за новинари, на која како што вели, новинари ќе бидат обучувани за борба со дезинформации и силна анти-ЕУ пропаганда.

Вчера вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја отвори обуката за новинари, во рамки на проектот наменет за подготовка за сеопфатно и информирано покривање на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, на која истакна дека медиумите имаат моќ и потенцијал добро да ги подготват граѓаните за промените кои доаѓаат и во текот на преговорите, но и со самото членство во Унијата.

Главниот преговарач со ЕУ рече дека процесот ќе биде полесен ако заеднички се бориме против лажните вести поврзани со пристапните преговори со ЕУ.

„Во време на дезинформации и на силна анти-ЕУ пропаганда, вистински предизвик е да им обезбедиме на граѓаните точни и квалитетни информации, за да можат да носат одлуки базирани врз точни информации“, рече Маричиќ пред новинарите.

Тој дополнително потенцираше дека Владата ги смета медиумите за партнер во процесот на преговори и дека со оглед на важноста на европската перспектива на земјата, за целото македонско општество, нивната соработка ќе стане уште поблиска.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk