14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

По изјавата на Радев за пописот, Брисел очекува Бугарија да не се меша во внатрешните работи на Македонија

Најчитани вести

Од Европската Комисија денеска реагираа на изјавата која бугарскиот претседател Румен Радев ја упати вчера кон властите во Македонија. 

Брисел очекува Бугарија да не се меша во внатрешните работи на Македонија.  По вчерашната изјава на Радев дека очекува 120 илјади граѓани да бидат попишани како Бугари во Македонија, реагираше ЕК. На прашање на МИА, портпаролката на ЕК, Дана Спинант, одговори дека земјите членки под ниеден услов не смеат да се мешаат во домашните работи на други земји. 

„Ако ме прашувате генерално прашање – дали една земја може да и диктира на друга земја што треба да прави,? – Ќе ви кажам не. Ние тука не зборуваме за диктирање на правила, туку за дискусија на работите. Сакаме да се реши ова билатерално прашање поради кое Бугарија не прифаќа одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија“, вели Дана Спинанат, портпарол на ЕК.

Премиерот Зоран Заев денеска повторно се изјасни дека вклучувањето на Бугарите во Уставот, никогаш не бил проблем, но смета дека нема потреба од брзање. 

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com