4 C
Skopje
Wednesday, January 20, 2021

По Ибица, време е за Ница!

Најчитани вести

По Ибица, време е за Ница! Војводата и војвотката од Сасекс го продолжија одморот подалеку од кралските палати во Лондон, а малиот Арчи е дел од секој нивен чекор … или, во овој случај, лет. Семејството кое беше на Ибица за да го прослави 38-от роденден на Меган, кој беше претходно овој месец, сега се наоѓа во Франција.

Според „The Sun“, аристократите пристигнале во француската ривиера во средата користејќи ги услугите на приватен авион „Cessna“ со 12 седишта, чиј наем изнесува повеќе од 20.000 фунти.

Англиските медиуми објавија дека тие престојуваат повторно во луксузна приватна вила.

Одморот на Хари и Меган во Шпанија траеше скоро една недела, по што се вратија во Велика Британија, каде минаа само 2 дена. Двајцата се очекува да останат во Ница до среда, по што ќе се вратат во англиската престолнина, бидејќи наскоро ќе се придружат на годишниот одмор на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип во дворецот Балморал.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести