4.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

По жестоките протести , ирачкиот парламент ја прифати оставката на премиерот

Најчитани вести

Ирачкиот парламент ја прифати оставката на премиерот Адел Абдел-Махди по неколку недели жестоки антивладини протести, објави во неделата ирачката државна телевизија.

Според ирачкиот Устав, парламентот сега ќе побара од шефот на државата да назначи нов премиер.

Од 329 пратеници, на седницата присуствувале 250 парламентарци.

Абдел-Махди ја објави својата оставка во петокот, попуштајќи пред едно од клучните барања на демонстрантите.

Поранешниот премиер, кој дојде на власт во октомври минатата година, исто така го замоли парламентот итно да назначи вршител на должноста премиер за да се намалат тензиите во земја во која немирите траат веќе два месеци.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com