17.8 C
Skopje
Thursday, August 18, 2022

По ДС и ЛДП, Ковачевски ја изгуби и подршката од ДОМ за францускиот предлог

Најчитани вести

Владините коалициони партнери почнаа да му вртат грб на Ковачевски во однос на францускиот предлог. Откако вчера ЛДП и Демократски сојуз го одбија како неприфатлив, денес се спротистави и ДОМ кој побара владата да го одбијат.

– „Останувам на ставот дека отворените прашања со Бугарија треба билатерално да ги решаваме и тие не треба да бидат причина за блокирање на македонските евроинтеграциски процеси. Секако, македонскиот јазик и идентитет не смее да бидат предмет на преговори. Факт е дека ние ги исполнивме сите услови за почеток на преговорите со ЕУ, што се потврди и со одлуката на советот за општи работи на ЕУ од Март 2020 година“ – Изјави Маја Mорачанин за НОВА ТВ.

И покрај категоричното НЕ од опозицијата и очигледниот недостаток на пратеници за дво-третинско мнозинство ако власта се обиде таквото рашение да го протурка низ Собранието, вчера Ковачевски дополнтително ја изгуби подршката откако Горан Милевски од ЛДП и Павле Трајанов од Демократски сојуз исто така се изјаснија против предлогот на Макрон, па со 4 пратеници помалку, го ставија во прашање и онака тенкото парламентарно мнозинство.

Засега, силите во собранието не одат во прилог на владата, која без претставниците на ЛДП, ДС и ДОМ, брои само 60 пратеници, што не претставува парламентарно мнозинство за владеење.

Во моментов, сеуште се чека став од владиниот партнер НСДП, без кои Ковачевски во парламентот ќе ја има подршката од само 58 пратеници. Главните владини партнери СДСМ и ДУИ сеуште тактизираат и се без став за францускиот предлог.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com