По децении и децении – добиваме целосно нов Land Rover Defender!

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Легендарниот Land Rover Defender конечно пристигна во 21-виот век  – и барем по она кое го гледаме, чекањето се исплатеше!

Една од најлегендарните и најпрепознатливие форми во светот на автомобилите е токму онаа на Land Rover Defender. Конечно, по декади и декади, и милиони продадени примероци Land Rover го донесе Defender во 21-виот век.

Интерната ознака на новиот Defender е L663, и за прв пат Defender ја напушта традиционалната шасија. Тој ќе биде префрлен на алуминиумска платформа изведена од D7 платформата која се користи за тековниот Range Rover, Range Rover Sport и Land Rover Discovery, но со многу, многу измени – од Land Rover кажуваат дека дури 95 проценти од платформата се ревидирани и изменети за потребите на Defender.

Верзијата со ознака 90 ќе може да се добие со конвенционална или воздушна суспензија, додека поголемиот 110 ќе може да се добие само со воздушна суспензија. Сите верзии ќе имаат перманентен погон на сите четири тркала, супер-напреден Terrain Response систем со специјална функција за движење низ вода, активен заклучувачки диференцијал и многу, многу повеќе.

Каросеријата е повисока за 20 милиметри во однос на другите модели на JLR, а целиот автомобил е дополнително зајакнат за да може да ги издржи теренските предизвици. Како што рековме, силата се пренесува перманентно кон сите четири тркала, а тоа го прави преку 8-брзински автоматски менувач со редуктор, а ќе може да се добие заклучувачки диференцијал на задните тркала. Воздушната суспензија може да биде спуштена цели 50 милиметри, но и подигната за импресивни 75 милиметри – и потоа уште еднаш за 70 милиметри за вкупно 145 милиметри во кратки интервали. Сакате да се движите во вода? Ќе можете да влезете во вода длабока до 90 сантиметри!

Новиот Defender ќе може да се добие со два турбодизел мотори, или пак два турбо-бензинци. Основниот турбодизел ја носи ознаката D200 и располага со 200 коњски сили. Над него е D240 со (погодувате) 240 коњски сили. Бензинците доаѓаат во форма на P300 со 300 коњски сили и P400 кој добива лајт-хибрид технологии и шест-цилиндерски турбо-бензинец за вкупно 400 коњски сили. Следната година ќе пристигине и плаг-ин хибрид.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.