Home » По две години воената парада во Атина со публика и без рестрикции

По две години воената парада во Атина со публика и без рестрикции

by Журнал.мк

– По пауза од две години, поради пандемијата, Грците денеска ќе можат одблиску да ја следат традиционалната воена парада во Атина по повод годишнината од востанието за независност на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Оваа година нема да има никакви ограничувања за публиката, а единствено постои сина препорака граѓаните кои ќе ја следат парадата да носат маска.

На парадата ќе присуствува и министерката за одбрана на Франција Флоренс Парли, вчера на атинското пристаниште Пиреас пристигна францускиот носач на авиони Шарл де Гол, додека пак заедно со останатите воени авиони на военото воздухопловство, се очекува на атинското небо да прелетаат и француските авиони Рафал кои неодамна пристигнаа во Грција.

Во 2020 и 2021 година на 25 март Грција беше во карантин, пред две години парадата беше откажана, а лани, за јубилејот на Грција, кога се одбележаа 200 години од востанието за независност ,парадата беше без публика, под строги безбедносни мерки и здравствени протоколи, со ограничен број претставници на медиумите и со високи гости.

Присутни беа претседателот на Кипар Никос Анастасиадис, принцот Чарлс и војвотката Камила, премиерот на Русија Михаил Мишустин и министерката за одбрана на Франција Флоренс Парли.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk