0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

По гласините дека Анистон и Швимер се во врска, се огласи актерот и ја откри вистината

Најчитани вести

Неодамна се појавија гласини дека Џенифер Анистон и Дејвид Швимер, кои ги играа Рејчел и Роса во серијата „Пријатели“, се зближиле во реалниот живот.

Меѓутоа, Дејвид преку својот менаџер ги отфрли тие шпекулации. Тој рече дека не е точно дека е во врска со Џенифер, пишува „Page Six“.

Да потсетиме, извор близок до актерите откри за списанието „Closer“ дека по специјалната епизода на „Пријатели“, тие почнале да поминуваат многу време заедно.

„По собирот, стана јасно дека размислувањето за минатото ги разбуди чувствата кај двајцата и дека хемијата што ја чувствуваа се уште е присутна. Наскоро почнаа да се допишуваат, а минатиот месец Дејвид одлета за да ја посети“, рекол извор за списанието „Closer“.

За време на снимањето на специјалната епизода на „Пријатели“, актерите признаа дека биле вљубени еден во друг, но дека немало ништо меѓу нив.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com