Двојката разменувала нежности пред фотографите, а се чинеше дека меѓу нив повеќе немало несогласувања.
Да потсетиме, Меган во февруари годинава ги избриша сите фотографии со раперот. Таа не го следеше на Инстаграм, но го следеше Еминем, што дополнително ги подгреа гласините за раскинувањето, бидејќи тие двајца се караат со години. Американските медиуми пишуваа дека парот се обидува да си ги реши проблемите и оди кај советник за врски.
Се шпекулираше дека нивната врска ја оценува трето лице, но Меган тоа го демантираше. „Немаше мешање на трета страна во оваа врска. Ова вклучува, но не е ограничено на вистински луѓе, пораки, ботови со вештачка интелигенција или демони“, напиша таа претходно.
Во средината на април тие повторно беа видени заедно на плажа на Хаваи, кога беа фотографирани од папараците. Медиумите потоа објавија за нивното помирување.
Меган и Машин Ган Кели ја започнаа својата врска во 2020 година по нејзиниот развод со Брајан Остин Грин. Тие наводно се зближиле за време на снимањето на Midnight in the Switchgrass. Тие се верија во јануари 2022 година.