Home » По високите температури, нестабилно време со пороен дожд и грмежи

По високите температури, нестабилно време со пороен дожд и грмежи

by Журнал.мк

По високите температури од изминатиов период, од попладнево земјава е под влажна воздушна маса, којашто донесе пороен дожд, силен ветер и грмежи. Нестабилноста од запад премина кон централните и источните делови. Можна е појава на свлечишта и одрони, па се препорачува внимателно движење, особено покрај реките и суводолиците.

Силен дожд, ветер и грмотевици попладнево го зафатија Скопје и скопската котлина. Невреме со интензивен дожд за кратко време, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град ќе има и во ноќните часови.

Од УХМР препорачуваат внимателно движење, особено покрај реките и суводолиците, поради можна појава на опасни води и свлечишта.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More