21.8 C
Skopje
Tuesday, July 5, 2022

По Белград, дојави за бомби и во училиштата во Сараево

Најчитани вести

Неколку училишта во Сараево добиле електронска пошта со содржина дека во објектите се поставени бомби, изјави портпаролот на МВР на кантонот Сараево, Мирза Хаџиабдиќ.

Во моментов во тек се контрадиверзивни прегледи на посочените локации.

Според информациите на Н1 Сараево, бомби биле пријавени во неколку основни училишта во реонот на општините Стари Град и Ново Сараево, а децата се вратени дома до завршување на прегледот.

Претходно минатата недела, голем број училишта низ Србија добија извештаи за поставени бомби. По проверките беше утврдено дека дојавите за поставените бомби се лажни.

Институциите утврдија дека некои дојавите доаѓаат и од странство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com