20.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

По автопат возел Ауди со 335 км/час и се снимал (ВИДЕО)

Најчитани вести

Најбрзото Ауди од сериското производство лесно постигнува брзини што го одземаат здивот.

Германскиот братучед на Ламборџини е пеколна машина и ќе биде навистина срамота кога ќе се тргне од гамата. Р8 е пеколна машина способна да фати стотка за 3,37 секунди во верзијата Спајдер и со 200 км на час по десет секунди. Миг подоцна таблата покажува 335 км на час, нешто повеќе од прогласениот максимум.

Audi R8 Performance се напојува од 5,2 V10 мотор, но со 620 КС и 580 Nm. Доколку ве интересира како изгледа да се вози над 300 км на час на автопат со ваков автомобил, погледнете во продолжение. Само ќе нагласиме да не се обидувате да направите нешто слично на јавен пат. Вакви брзини се дозволени само на некои делови од германските автопатишта.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести