12.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Почнува уписот во средните училишта

Најчитани вести

Уписот во средно образование за учебната 2021/2021 година почнува денеска и ќе трае во наредните три дена. Во 109 средни училишта слободни се 30.053 места во 913 паралелки.

Во јунскиот уписен рок има три пријавувања и запишувања. Првото е на 14 јуни од 12 до 19 часот, додека на 15 и 16 јуни ќе се примаат пријави од 7 до 19 часот, како и на 17 јуни – од 7 до 15 часот. Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 17 јуни по 16 часот.

Квалификациското тестирање ќе се организира во училиштата на 21 јуни, кога ќе бидат објавени и конечните ранг-листи со резултатите. Второто пријавување месецов е на 23 и 24 јуни, а третото е на 30 јуни.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок, односно на 23 август.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com