23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Почнува попишувањето на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомниците

Најчитани вести

Од денеска почнува првата фаза на пописот со која ќе бидат опфатени дијаспората, армијата, дипломатските претставништва, бездомниците и затворениците. Попишувашењето на дијаспората ќе трае до 21 април.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски изјави дека целта на попишувањето на иселениците, покрај собирањето податоци е да ги потсети дека иако се иселиле тие се дел од земјата од која потекнуваат. Симовски најави дека процесот ќе се одвива преку интернет-апликација, достапна исклучиво од странство. Нејзиното користење, како што истакна Симовски е едноставно.

– Процесот на самопопишување ќе се спроведува преку веб-апликација која е многу едноставна и кориснички ориентирана, лесно достапна, што значи дека секој државјанин на Република Северна Македонија во странство ќе може лесно да ја пополни за многу кусо време, а единствениот услов е да се најави со својата е-маил адреса. Апликацијата е наменета исклучиво за самопопишување од странство, што значи пристапот од Република Северна Македонија е оневозможен – истакна директорот Симовски.

Според премиерот Зоран Заев, пописот е најважната и најголемата статистичка операција со која ќе се обезбедат податоци за креирање ефикасни јавни политики во државата

– Процесот на отпочнување на преговорите со ЕУ започнува и со пописот, кој е од особена важност и наша обврска како држава-кандидат за членство во ЕУ, бидејќи токму поглавјето Статистика е едно од поглавјата од првиот кластер во преговорите. Со учеството во пописот секој граѓанин ќе даде свој личен придонес кон подобра иднина за сите нас. Тоа е наше задолжение, наша обврска кон државата, кон нас самите и кон нашите деца – рече Заев.

Од друга страна, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски вчера истакна дека власта не е подготвена за да го спроведе пописот. Посочи дека во време на пандемија и без вакцини, власта на мускули турка попис и го загрозува здравјето на граѓаните.

– ВМРО-ДПМНЕ отвори една граѓанска иницијатива за собирање на потписи и последната информација е дека се собрани 100 илјади потписи. Тие се потписи против нерегуларен попис. Сите сме за да има статистички попис, но не да биде истиот политичка операција во којашто владините функционери ќе се наддаваат со проценти – рече Милошоски.

Националниот блок „Не отворам врата“ ги повика граѓаните да не ги пуштаат попишувачите дома, бидејќи сметаат дека пописот ќе биде фалсификуван и е веќе договорен меѓу Заев и Ахмети.

Од друга страна, вицепремиерот, Артан Груби, на Фејсбук ги повика иселениците Албанци да се мобилизираат и да се самопопишат во што поголем број.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести