8.7 C
Skopje
Saturday, January 23, 2021

Почнува вакцинацијата кај децата со двете нови вакцини

Најчитани вести

Од денеска почнува вакцинацијата кај децата со две нови вакцини – вакцина против рота-вирусот и пневмококна вакцина, што министерот за здравство ги најави пред неколку месеци.

Од Министерството велат дека со вакцината против рота-вирусот се заштитени најголем процент од децата кои ја примиле, односно 9 од 10 деца. Вакцинацијата се спроведува со орална ротавирусна вакцина во три дози со ставање капки во устата на детето, на возраст од шест недели до 32 недели. Првата доза од вакцината треба да се даде пред детето да наполни 15 недели, додека сите три дози на вакцината треба да бидат примени пред да наполни осум месеци. Од Министерството истакнаа дека повеќето бебиња кои примиле ротавирусна вакцина немаат несакани ефекти од вакцината, а милиони бебиња од 94 земји во светот безбедно ја имаат примено оваа вакцина.

Пневмококната вакцина се дава интрамускулно. Се користи пневмококна вакцина, која штити од повеќе серотипови пневмокок, кои се поврзуваат со тешки инфекции кај децата. Детето може да прими од една до четири дози, во зависност од возраста на детето во моментот кога е почнато со вакцинација.

Од Министерството истакнаа дека третманот на пневмококни инфекции со антибиотици не е толку ефикасен, поради големата отпорност на бактеријата кон антибиотиците, што ја прави вакцинацијата уште поважна превентивна мерка.

„Вакцините не само што ја штитат единката, туку ја штитат и заедницата со создавање колективен имунитет. Тие се исклучително квалитетни и проверени вакцини од европски производител. Опфатот на вакцинација мора да биде во просек околу 95 отсто за сите вакцини. Вакцинацијата е фундаментална за постигнување на целите за одржлив развој на здраво население“, велат од Министерството за здравство.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести