Првата рунда на јавни расправи во рамките на истрагата за отповикување на претседателот Доналд Трамп почнува денеска со сослушувања на три сведоци важни за истрагата, предводена од демократите во Конгресот.
Вилијам Тејлор, амбасадор на САД во Украина и Џорџ Кент, заменик државен секретар за Европа и Евроазија, треба да бидат сослушани денеска, додека претходничката на Тејлор, Мари Јовановиќ, ќе даде искази в петок.
Сите тројца веќе сведочеа зад затворени врати за време на инцијалната фаза од истрагата која започна во октомври.
– Американскиот народ ќе чуе од прва рака за злоупотребите на претседателот – изјави Адам Шиф, демократ од Калифорнија, претседавач со Комисијата за разузнавање при претставничкиот дом.