Започна судењето меѓу познатиот актер Џони Деп и неговата поранешна сопруга, актерката Амбер Херд, според тужбата поднесена од Деп.
Деп ја обвинува својата поранешна сопруга дека „лажно го прикажувала како семеен насилник“ во текстот што го објавила во „Вашингтон пост“ во 2018 година.
Амбер тврдеше дека трпела физичко насилство од Деп, што тој го негира.
Актерот побарал дури 50 милиони долари отштета, што е четири пати повеќе од проценетото богатство кое актерката го поседува во моментот.
Пред зградата на судот, пред почетокот на судењето се собраа обожавателите на Деп, од кои некои вееја транспаренти со натпис „Правда за Џони“, пренесува АП.
На Деп и Амбер се на суд веќе шест години, а ќе сведочат и многу јавни личности, меѓу кои Џејмс Франко, Пол Бетани, Илон Маск, претставници на „Волт Дизни“ и „Ворнер брос“, како и полицајци од Лос Анџелес, пријатели и членови на семејството и други лица поврзани со поранешни сопружници.
Два дена пред почетокот на судењето во Вирџинија, Херд на социјалните мрежи привремено се прости од своите придружници, велејќи дека ќе биде зафатена со судењето.
Судењето, кое е затворено за јавноста, но привлекува големо внимание, се очекува да трае повеќе од еден месец.