-2.2 C
Skopje
Sunday, February 5, 2023

Почна судењето за пожарот во тетовската модуларната болница

Најчитани вести

– На четвртиот обид, денеска во Основниот суд во Тетово почна судењето за пожарот во тетовската модуларна болница, што се случи на 8 септември 2021 година во која 14 луѓе ги загубија животите, а имаше и десетина повредени лица.

Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучески и Клиничка болница Тетово како правно лице, по прозивката на судијата истакнаа дека го разбираат обвинението но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

Главната расправа продолжи со барање на сите бранители на обвинетите да се читаат докази од страна на Обвинителството, по што судијата даде пауза.

До судење дојде откако на 27 јули 2022 Обвинителството поднесе обвинителен предмет од Основен суд Тетово. Обвинителството десет месеци водеше истрага во која стручни анализи и вештачења беа направени од МВР, Технолошкиот факултет, електроинжинер и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија.

Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред, информираше обвинителството.

Пред два дена започна и отстранување на остатоците од изгорената модуларна болница.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести