Полицијата во Нов Зеланд почна со уништување на полуавтоматско оружје и јуришни пушки пред 21 декември, кога стапува на сила законот што забранува поседување на такво оружје.
Забраната следува по масакрот во Крајстчрч во март годинава кога маж уби 51 лице во џамија, јавува Би-би-си.
Досега се уништени над 50.000 парчиња оружје во центрите во земјата, но некои сопственици на оружје се против решението.
Во Нов Зеланд на четири лица има едно парче оружје, а полицијата соопшти дека немаат прецизни информации колку точно оружје се наоѓа во приватна сопственост.
Властите на Нов Зеланд објавија на 21 март дека ќе воведат забрана за јуришни пушки и полуавтоматско оружје од воен тип, како одговор на двојниот напад во џамиите во Крајстчрч.