12.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Почна сослушувањето на бугарските кандидати за Европското обвинителство

Најчитани вести

Бугарскиот Врховен судски совет, од денеска до петок, ќе ги сослуша сите кандидати за 10-те места што Бугарија ги има во Европското обвинителство.

Обвинителскиот колегиум на Врховниот судски совет ќе ги сослуша кандидатите за европски делегирани обвинители. Пријавени се 32 обвинители, истражители и судии кои поднеле барање за работа во Европското јавно обвинителство, предводено од Романката Лара Ковески. Тие ќе бидат сослушани во следните два дена, а во сабота се очекува Судскиот совет да избере 10 од нив.

Конечната одлука на бугарскиот Врховен судски совет, преку министерот за правда, ќе биде испратена до Лара Ковески.

Пред сослушувањето, главниот обвинител Иван Гешев им се обрати на кандидатите, порачувајќи им дека не се сомнева дека мнозинството од нив имаат беспрекорна компетентност и професионални квалитети.

-Сигурни сме дека сите ќе се претстават најдобро и искрено повеќе очекувам тешкотиите да бидат кај обвинителскиот колегиум, кој ќе треба да одлучува, отколку кај секој од вас. Чисто колегијално, сакам да Ви кажам да бидете спокојни, бидејќи постапката е повеќе како интервју и разговор, отколку како испит, им порала на кандидатите државниот обвинител Гошев.

Според усвоената регулатива, кандидатите за европски делегирани обвинители имаат краткоп мотивациско обраќање и потоа одговараат на прашања од членовите на Обвинителскиот колегиум и невладините организации.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести