21.8 C
Skopje
Wednesday, July 6, 2022

Почна Светскиот економски форум во Давос, главна тема е Украина

Најчитани вести

Три месеци по почетокот на руската инвазија на Украина, војната и ризиците што таа ги носи за светската економија ќе бидат во срцето на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос. Собирот се враќа во швајцарскиот зимски центар по две години поради пандемијата на ковид-19. Минатата година традиционалниот годишен состанок се одржа онлајн, а варијантата омикрон повторно го помести оваа година, од јануари во мај.

„Нашите први мисли се насочени кон војната во Украина“, рече основачот на СЕФ, Клаус Шваб, презентирајќи ја програмата на овогодинешниот собир.

Во центарот на годишниот состанок ќе бидат кризите – војната во Украина, пандемијата на коронавирусот и климатските промени ќе доминираат на состанокот, кој се одржува од понеделник до четврток. Меѓу другото, учесниците ќе разговараат за последиците од војната врз синџирите на снабдување, снабдувањето со енергија и безбедноста на храната.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да биде првиот што ќе одржи виртуелен говор. Гости на форумот се очекува да бидат градоначалникот на Киев Виталиј Кличко и неговиот брат Владимир. Германскиот министер за економија Роберт Хабек ќе зборува како дел од панел дискусијата за тоа како Германија има намера да стане помалку зависна од руската енергија.

В четврток во Давос треба да има говор и германскиот канцелар Олаф Шолц. На четиридневниот собир во швајцарските Алпи, речиси 2.500 учесници од политиката и економијата ќе разговараат за решенијата на меѓународните проблеми.

Мотото на овогодинешниот собир е „Историјата на пресвртница: владини политики и деловни стратегии“. „Нашето главно барање до светот е – не престанувајте да ја поддржувате Украина“, изјави за новинарите во неделата Ивана Климпуш, украинска парламентарка што пристигна во Давос, повикувајќи да не се дозволи Русија да води нова војна против никого во регионот.

„Ни треба оружје, повеќе од што било друго“, рече Анастасија Радина, друга украинска пратеничка во Давос. Со оглед на санкциите наметнати кон Русија, СЕФ ја исклучи земјата од својот годишен состанок оваа година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com