Започна процесот на фазна селекција на кандидатите за полицајци. Годинава пријавени се 2.964 кандидати, од кои 599 се жени. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој изврши увид на активностите, вели дека од година во година интересот меѓу младите за оваа професија е сè поголем.
Процесот на селекција, што годинава се одржува под посебни протоколи ради условите што ги наметнува пандемијата, се очекува да заврши до почетокот на април, кога ќе се одберат 660 кандидати. Тие ќе добијат едногодишни договори за обука за полицајци. А, потоа, 600 од нив ќе добијат договори за вработување со обврска најмалку 5 години да работат во МВР.