Home » Почна исплатате на августовските пензии

Почна исплатате на августовските пензии

by Журнал.мк

Од денеска до 2 септември етапно се исплатуваат августовските пензии во банките, за пензионерите кои не користат картички за банкомат. Исплатата се реализира во четири групи, според висината на пензијата.

Денеска може да подигнат корисниците на пензии до 11.000 денари, утре ќе се исплаќаат пензиите во износ од 11.001 до 14.000 денари. Исплатата на пензиите од 14.001 до 18.000 денари ќе биде на 1 септември, а наредниот ден – пензиите повисоки од 18.001 денари.

-Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 30 август (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

МТСП апелира до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред и во банките и да се заштити нивното и јавното здравје.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk