10.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Почина Џејсм Пердју, креаторот на амнестијата за УЧК

Најчитани вести

Американскиот дипломат кој имаше голема улога во склучувањето на Охридскиот договор во 2001 година, Џејмс Пердју, починал во средата на 77 години, објави весникот „Арканзесонлајн“. Причината за смртта не е наведена.

Џејмс Пердју остави неизбришлив белег на Балканот – прво како дел од екипата на прославениот дипломат Ричард Холбрук, а потоа и како американски претставник за Македонија за време на воениот конфликт 2001 година.

Тој беше еден од архитектите да се осмислат уставните измени. Неговите идеи и начин на преговори доведоа до тоа Владата на премиерот Љубчо Герогиевски да размислува да го прогласи за непожелна личност и да се протера од Македонија. Иако тие инфромации беа внимателно демантирани, сепак не можеше да се сокрие дека Георгиевски во еден момент го избркал од својот кабинет американскиот дипломат. Главна цел на Пердју,како што и самиот кажа, била да се постигне Охридскиот договор и да се изгласа амнестија за албанските теористи. Сетоа тоа се исполни.

Пердју во 2002 година стана амбасадор на САД во Бугарија, каде беше на служба три години. Тој беше дел од воената разузнавачка заедница на САД 28 години и стигна до чин полковник. Претседателот Бил Клинтон го именуваше Пердју за американски претставник за воена стабилизација на Балканот во 1997 година со ранг амбасадор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com