21 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Почина универзитетскиот професор и воен историчар Д-р Александар Стојчев

Најчитани вести

По кратко боледување и компликации како последица на Ковид-19, вчера на 46-годишна возраст во Скопје почина универзитетскиот професор и воен историчар Д-р Александар Стојчев.

Со длабоко жалење ја примивме веста за смртта на директорот на воениот музеј, Д-р Александар Стојчев. Беше извонреден соработник, добар колега, секогаш посветен на документирање на историските настани. изразуваме длабоко сочувство до семејството. слава му!“, стои во објавата на министерство за одбрана.

Стојчев беше автор на повеќе книги од областа на воената историја а меѓу најпознатите и најкористените се „Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година“, „Студија за формирање на музеј на првата светска војна“, „Нобеловците и АРМ за мирот“, „Дојран 1915-1918 (воени операции)“ како и „Историја на воените мапи на Република Македонија“.

На пошироката јавност, професорот Стојчев ѝ беше познат и по документарните телевизиски емисии за историјата на Република Македонија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести