Home » ПОЧИНА ТАПАНАРОТ НА „ФУ ФАЈТЕРС“ Во организмот имал 10 различни опијати

ПОЧИНА ТАПАНАРОТ НА „ФУ ФАЈТЕРС“ Во организмот имал 10 различни опијати

by Журнал.мк

Тапанарот на „Фу фајтерс“, Тејлор Хокинс, во моментот на смртта имал 10 психоактивни супстанции во своето тело, вклучително и опијати, објавија во саботата колумбиските власти.

Тапанарот на познатиот американски бенд бил пронајден мртов во петокот на 50-годишна возраст во хотелска соба во Богота, каде што бендот требало да настапи истата вечер.

„Токсиколошката анализа досега откри десет супстанции во телото на Тејлор Хокинс, вклучувајќи опијати, антидепресиви, анксиолитици и марихуана“, соопштија колумбиските власти.

Обвинителството на колумбиската држава официјално не ја објави причината за смртта, но локалните медиуми, повикувајќи се на извори блиски до истрагата, наведуваат дека станува збор за предозирање со хероин и комбинација од антидепресиви и бензодиазепини.

Медиумите објавија и дека тапанарот бил пронајден мртов во неговата соба во хотелот „Каса Медина“ откако се јавил на рецепцијата и се пожалил на болки во градите. Меѓутоа, Брзата помош го пронашла без знаци на живот.

Хокинс во минатото имал проблеми со зависност од дрога и едвај преживеал предозирање пред 20 години.

Групата „Фу фајтерс“ е основана во 1994 година од Дејв Грол, тапанарот на „Нирвана“. Бендот има издадено 10 студиски албуми со бројни хит синглови како „Everlong“, „Times Like These“ и „Learn To Fly“.

Тие освоија 12 Греми и беа примени во Куќата на славните на рокенролот минатата година.

Хокинс е нивен член од 1997 година, а претходно играше со Аланис Морисет.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk