Почина српската мисица на 33-годишна возраст, ја загуби битката со ракот

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Познатата српска мисица Дијана Милојковиќ почина на 33-годишна возраст по долга борба со тешката болест. Се борела како лавица и ги мотивираше другите жени да гледаат на ракот на грлото на матката како животно искуство, а не како конечна пресуда.

Како што се наведува, нејзиниот брат Милош Милојковиќ се огласи на Инстаграм и со тажен статус ја потврди оваа информација.

„Почивај во мир, сестро“, напиша тој.

Инаку, Дијана долго се бореше со опасната болест, а пред повеќе од еден месец  во српската јавност одекна веста дека итно и е потребна крв. Дијана со својот однос кон борбата со ракот инспирираше многу луѓе да и се восхитуваат и да се истраат во борбата со ракот.

Нејзината кариера ја обележи победата на изборот за Мис на Србија во 2009 година. На натпреварот во Бејрут 2014 година, станала и Мис на Европа како и Мис на спортот, па продолжила да работи како модел.

На 27-годишна возраст, убавата Дијана дознала дека боледува од инфазивен облик на рак на грлото на матката, па тогаш почнала и нејзината борба за живот, а во меѓувреме отворила и блог, на кој давала совети и ги прераскажувала своите искуства.

– Никогаш не ни помислував дека тоа може да ми се случи. Отидов кај гинеколог бидејќи ми доцнеше циклусот. Тестовите покажаа дека имам карцином. Немав никакви проблеми пред тоа. Сегашните резултати се подобри од претходните. Се надевам дека ќе бидат уште подобри на крајот на ноември, кога ќе одам на контрола – рекла Дијана Милојковиќ за „Блиц“./plusinfo.mk/

Screenshot 20190722-205558 Instagram

T.E.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.