-1 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

Почина славната руска шпионка Гоар Вартањан, ги спасила Сталин, Черчил и Рузвелт

Најчитани вести

Почина славната руска шпионка Гоар Вартањан (94), која во петок ќе биде погребана на московските гробишта Тројекурово, крај својот сопруг, исто така, познат таен агент, кој почина во 2012 година, изјави Сергеј Иванов, портпарол на руската меѓународна разузнавачка служба (СВР).

Вартањан учествувала во спречувањето на нацистичката операција „Скок во далечина“, чија цел била истовременото убиство во текот на конференцијата во Техеран, во 1943 година на тројцата светски лидери, советскиот Јосиф Висарионович Сталин, американскиот претседател Френклин Рузвелт и на британскиот премиер Винстон Черчил .

Геворк Вартањан, одликуван со Орден на херој на Советскиот Сојуз, зборуваше дека Гоар „е заслужна за најмалку две од петте краци на неговата херојска ѕвезда“, се наведува во соопштението на СВР.

Гоар Вартањан била родена во 1926 година во тогашната советска Ерменија, а со семејството во триесетите години се преселила во Иран. Со 16 години се приклучила на една антифашистичка група и оттогаш со сопругот работела на откривање германски шпиони.

Според СВР, „Анита“ и „Анри“, псевдоними што ги користиле Вартанови, работеле „во екстремни услови во бројни земји“, а медиумите пренесоа дека тоа биле Франција, Грција, САД, Јапонија, Индија и Кина.

Рускиот претседател Владимир Путин, и самиот поранешен припадник на советската служба за безбедност – КГБ, во јуни 2017 година го посети седиштето на СВР и го пофали работењето на тајните агенти, па и на Вартањанови.

Поранешниот советски агент Михаил Љубимов изјави дека „конкретната работа на Вартањанови никогаш не била откриена за да се избегнат политички скандали во земјите во кои сопружниците длеувале“.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести