4.8 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Почина Сара Хардинг, славната пејачка од бендот „Грлс алауд“

Најчитани вести

Познатата британска пејачка Сара Хардинг, почина вчера на 39 годишна возраст. Членката од некогашниот популарен женски бенд „Грлс алауд“, почна по долгата и тешка битка со ракот на дојката. Тажната вест ја објави нејзината мајка Мери.

„Со срце полно со тага, ве известувам дека мојата прекрасна ќерка Сара, за жал, почина. Многумина од вас знаат за борбата на Сара со ракот и колку силно се бореше од дијагнозата до последниот ден. Таа мирно замина утрово. Би сакала да им се заблагодарам на сите за љубовта и поддршка минатата година. Тоа многу ѝ значеше на Сара и ѝ даде голема сила и утеха што знае дека е сакана. Знам дека не би сакале да ја паметите по борбата против оваа страшна болест. Таа беше голема sвезда и се надевам дека така и ќе ја паметите“, рече Мери.

За потсетување, Сара во март годинава ја објави книгата „Hear Me Out“, во која, меѓу другото, ја опиша и својата борба против ракот.

„Во декември, лекарот ми рече дека претстојниот Божиќ најверојатно ќе биде мојот последен. Не сакам точна прогноза. Не знам зошто некој би го сакал тоа. Она што сега ми е важно е да ми е удобно и да немам болки. Се обидувам да живеам и да уживам во секоја секунда од мојот живот, без разлика уште колку ќе трае. Во текот на сето ова, понекогаш пијам чаша или две вино, бидејќи ми помага да се опуштам“, рече Сара.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com