Реџаил Ќерими кој беше осуден на доживотен затвор поради убиство на полициски службеник во 2008 година на паркингот кај ПМФ, починал како последица на мозочен удар. Ќерими бил пронајден без свест во затворската бања, додека починал при транспортот во болница.
Членовите на семејството неколку часа не можеле да го најдат мртвото тело на Ќерими, а веста за неговата смрт ја потврди братот на Реџаил, Jетула Ќерими. Информацијата ја потврдија и други лица од ќелијата.
Телото на починатиот ќе биде вратено во затворот Идризово, а членовите на семејството очекуваат да го примат телото во утринските часови.