7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

Почина Радован Радаковиќ поранешн голман на Партизан

Најчитани вести

На 52-годишна возраст, по тешко боледување, почина поранешниот голман на Партизан, Радован Радаковиќ.

На Радаковиќ пред две години му беше дијагностициран рак на желудникот, по што стави крај на тренерската кариера.

Операција во Турција му го продолжи животот, но болеста повторно му се вратијла. Ослабел 50 килограми, преживеал сепса, а трошоците за лекување го ставиле во тешка финансиска ситуација.

🙏Ostali smo bez još jednog Partizanovca, bez druga i čoveka. Sinoć nas je napustio i veliki Radovan Radaković. Počivaj u miru, naš Radače. pic.twitter.com/KPpkHe9m2E

— FK Partizan (@FKPartizanBG) September 26, 2022

За Радован неговите поранешни соиграчи и ривали на теренот собираа пари за да му помогнат.

Радован пред една година во интервју откри низ каков пекол минувал кога дознал дека е тешко болен.

“Прашав уште колку имам да живеам. Кога ми кажаа три до пет месеци, се исплашив имав страв, но како што минува времето и како што се борам, сето тоа е се помалку и помалку“, изјавил Радаковиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести