20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Почина пулмологот Анѓелко Ѓорчев

Најчитани вести

На Клиниката во Ниш денеска почина специјалистот по пулмологија и алергологија, професорот Анѓелко Ѓорчев (72), татко на поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев.

Докторот не се разбудил од кома во која падна само две минути откако ја примил вакцината против коронавирус во Ниш на 28 март. Од клиниката во Ниш соопштија дека компликацијата на неговата здравствена состојба не е последица на примената вакцина.

Ѓорчев завршил Медицински факултет во Скопје, каде специјализирал, а потоа станал асистент по Интерна медицина. Докторирал на тема бронхијална астма, за што беше врвен специјалист. Како доцент и професор работи на полето на неговиот специјален интерес-пулмологија и алергологија, астма, ендокринологија на респираторниот систем.

Професорот беше член на Американското торакално здружение, Европско респираторно здружение, британско торакално здружение и на Француско респираторно здружение.

„Бог да го прости мојот татко Анѓелко Ѓорчев (72). Почина денес, после 11 дена во кома. Замина тивко и ненадејно. Ќе го паметат неговите деца и внуци, сите кои го сакаа. Многу роднини, пријатели и БЕЗБРОЈ пациенти на кои неуморно им помагаше целиот живот“, напиша неговиот син Влатко Ѓорчев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести