7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Почина Милка Герасимова, долгогодишен инженер и музички тонмајстор во Македонското радио

Најчитани вести

Вчера почина музичкиот тонмајстор и инженер на звук Милка Герасимова, на 82-годишна возраст во Скопје.

Веста за нејзината смрт беше објавена на социјалните мрежи, откако бројни музички ѕвезди се простија од својата долгогодишна пријателка и соработничка.

Прв веста ја сподели музичкиот продуцент Валентино Скендеровски, кој во својата објава на Фејсбук напиша: „Си замина Милка Герасимова, тон-мајстор со огромно искуство и достигнувања. Збогум драга Милка, ти благодарам за сѐ што научив од тебе, за сите професионални и мајчински совети. Секогаш ќе се сеќавам на тебе, нека ти е вечна слава!“

„Беше прекрасен човек и врвен професионалец. Нека ти е светол патот небесен. Почивај во мир“, напиша првиот човек на музичкото студио „Тралала“, музичкиот продуцент Мите Димовски.

„Легендарната тетка Милка Герасимова си заминала во вечноста. Бог да ја прости тетка Милка. Покрај сите нејзини професионални достигнувања, беше и значаен дел од моето детство и младост. Сенешто научив од неа, меѓу останатото и зошто жената треба да си стави кармин на усните дури и кога оди на спиење, можеби ќе го сонуваш човекот на твојот живот, викаше тетка Милка. Нека почива во мир“, напиша пејачката Ана Костовска.

Милка Герасимовска зад себе остави огромна биографија. Соработуваше со врвни професионалци и големи музички имиња, меѓу кои „Леб и сол“, „Бејло дугме“, Ансамбл Билјана Охрид, со Драган Ѓаконовски Шпато, „Лева патика“, Зафир Хаџиманов, Македонски мерак, Блага Петреска, Атина Апостолова, Вања Лазарова, Васка Илиева, Александар Сариевски, Нина Спирова и многу други.

Во периодот од 1971-2007 зазела улога на тон-мајстор во 59 изданија, инженер на звук во 32 и како тонски снимател во седум.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com