11.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Почина Медлин Олбрајт, заговорник на НАТО агресијата во 1999 година

Најчитани вести

Вчера почина првата жена државен секретар на Соединетите Американски Држави, пишуваат американските медиуми. Таа имаше 84 години и боледуваше од рак, соопшти семејството.
Олбрајт ќе остане позната по својата силна антисрпска реторика, додека беше еден од главните заговорници во бомбардирањето на САД во 1999 година за време на нејзиниот мандат како шеф на американската дипломатија. Србите ја сметаат за главен виновник за злата нанесени од воздушните напади во кои загинаа илјадници невини жртви.

Нејзината смрт беше потврдена преку е-пошта до персоналот на групата Олбрајт Стоунбриџ, глобална стратешка фирма основана од Олбрајт. Таа починала ден пред годишнината од НАТО бомбардирањето на СР Југославија, за што имаше одлучувачка улога.

Родена е во Прага, Чехословачка. Таа била воспитана како римокатолик затоа што нејзините родители преминале од јудаизам во католицизам за да избегнат прогонство. Таа се преселила во Соединетите Држави со своето семејство за време на Втората светска војна.

Медлин Олбрајт е 64. државен секретар на САД, а била и првата жена на таа позиција. На предлог на американскиот претседател Бил Клинтон, откако Сенатот го одобри нејзиното назначување, таа ја презеде функцијата во јануари 1997 година.

Во последниве години, Олбрајт беше претседател на Националниот демократски институт за меѓународни односи и претседател на Фондацијата за стипендии Труман. Таа била и копретседател на Комисијата за правна обука на сиромашните. Таа на крајот на минатата година ја презела новата функција како нов претседател на Американскиот комитет за одбранбена политика.

За време на нејзиниот мандат таа значително го зголемила влијанието на американската политика во Босна и Херцеговина и на Блискиот Исток.

Таа го навлече гневот на многу Срби во поранешна Југославија поради нејзиниот забележлив антисрпски став и улогата што ја имала во артикулирањето на американската политика за време на војната на Балканот, особено во Косово и Босна. На овие простори ќе остане запаметен како личност која не го сакала српскиот народ и била отворено против него штитејќи ја политиката на америка на овие простори, а и својот џеб.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com