30.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Почина легендарниот фудбалер и тренер Златко Крањчар

Најчитани вести

Легендарниот хрватски фудбалер и тренер, Златко Цицо Крањчар, починал утрово на 65.годишна возраст, објави „Вечерњи лист“. Крањчар, починал по кратка и тешка болест во Клиночк-болничкиот центар Меркур.

Крањчар како фудбалер, во периодот од 1973 до 1991 година, настапувал за Динамо Загреб, Рапид Виена и Сенкт Полтен. За овие три тима одиграл 582 натпревари, постигнал 257 гола. Во сезоната 1981/82, со Динамо стана шампион на Југославија.

За репрезентацијата на поранешна Југославија одиграл 11 натпревари, на кои постигнал три гола, додека за Хрватска одиграл два натпревари и постигнал еден гол.

По завршувањето на фудбалската, ја започнал тренерската кариера, водел 20 клубови и репрезентации, вклучувајќи ги Динамо, Ријека и НК Загреб, со овој тим во 2002 година стана шампион на Хрватска. Бил селектор на Црна Гора и и У-23 селекцијата на Иран.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести