-2.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

Почина Жан Пол Белмондо

Најчитани вести

Белмондо – наречен Бебел од француската публика – стана една од најголемите ѕвезди на киноблагајните во земјата во 60-тите и 70-тите години, а неправилните црти на неговото лице беа во остар контраст со извајаниот лик на неговиот ривал и понекогаш и соработник Ален Делон.

Како и Делон, Белмондо беше клучна фигура од извонредната генерација што снимаше европски филмови во тој период, а серијата филмови што ги сними со славниот режисер Жан Лук Годар, меѓу кои „Жената е жена“ и „Лудиот Пјеро“, оставија неизбришлив белег.

Претпочиташе да се концентрира на француската кинематографија, проширувајќи ја врската со Годар со „Жена си е жена“ во 1961 година, и развивајќи друга со Жан-Пјер Мелвил, омилен кај критичарите на Новиот бран, кој имаше камео-улога во „Без здив“.

Белмондо ги специјализира улогите на гангстери и никаквеци, иако постигна голем хит во 1962 година со Картуш, играјќи префинет мечувалец од 18 век, со Клаудија Кардинале.

Белмондо е роден на 9 април 1933 година во предградие на Париз.

Улогата на ситниот гангстер Мишел во култното дело на Годар „До последен здив“, тогаш 26-годишниот Белмондо преку ноќ ќе го вивне во ѕвездите.

Во текот на 1960-тите и 1970-тите години, името на Белмондо беше гаранција за успех на филмот.

Тој беше омилена филмска ѕвезда низ целиот свет, а има глумено во речиси сто филмски наслови, меѓу кои се „Професионалецот“, „Чочара“, „Човекот од Рио“, „Аферата Стависки“, „Ас над асовите“, „Борсалино“, како и четириесетина театарски улоги.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com