Струмичани се простија од младиот Дени Стојчев, поранешен одбојкарски репрезентативец на Македонија во помлади категории и поранешен играч на Џио Струмица.
Стојчев играше на позиција либеро во кадетскиот и во јуниорскиот национален состав, а во матичниот клуб настапуваше до 2009-тата.
Прераната смрт на Дени Стојчев предизвика шок кај Одбојкарската федерација на Македонија.