-7.2 C
Skopje
Saturday, January 22, 2022

Почина Горјан Тозија – Медо, поранешен директор на Агенцијата за филм

Најчитани вести

Утрово на 68-годишна возраст почина Горјан Тозија – Медо, поранешен директор на Агенцијата за филм. Тозија починал од пневмонија.

Тозија беше филмски продуцент, поранешен државен секретар во министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски. Беше претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 стана директор и на државниот продуцент „Вардар филм“.Во тој период „Вардар филм“ ги сними филмовите „Пред дождот“, „Ангели на отпад“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“, и учествува во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија, „Миротворец“ и „Добредојде во Сараево“.

Главниот извршен директор на Развојна банка Кире Наумов на Фејсбук емотивно се прости од својот пријател Медо.

„EJ, ТИ ГИ ЗНАМ ОВИЕ ФОРИ КОГА ЌЕ СЕ ИСКЛУЧИШ НА НЕКОЛКУ ДЕНА ЗА ДА ОДМОРИШ ОД СИТЕ. ЈАС ЌЕ ЧЕКАМ ОД НИГДЕ НИКАДЕ ДА СЕ ПОЈАВИШ ОЦЕРЕН КАКО НИШТО ДА НЕ БИЛО И ДА СЕ ВИДИМЕ. АКО НЕ Е ТАКА, ЧЕКАЈ ТАМУ НЕКАДЕ И ЗНАЕШ ШТО СЕ ЌЕ ТИ СЕ ИЗНАКАЖАМ И ЗНАМ ШТО ЌЕ МИ ВРАТИШ. КАКО И ДА Е, СЕГА ОДМАРАЈ МЕЧЕ.“ – НАПИША НАУМОВ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com