33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Почетино: Му се восхитувам на Пеп, тој е најдобар!

Најчитани вести

Втора сезона по ред екипата на ПСЖ ќе игра полуфинале во Лигата на шампионите, но овој пат со нов предводник на клупата. На почетокот на годината, кормилото на парижани го презеде Маурицио Почетино, кој утре ќе има нова средба со Пеп Гвардиола, затоа што неговиот тим за противник во полуфиналето го доби англискиот гигант Манчестер Сити.

Во пресрет на првиот дуел кој се игра во Париз, Почетино изјави дека му се восхитува на неговиот колега на клупата на „граѓаните“.

„Пеп е најдобар. Му се восхитувам и мислам дека врши фантастична работа. Тој е неверојатен тренер, секогаш осмислува нови стратегии и тактики. Сакам да бидам предизвикувач на неговите тимови. Сега имаме повеќе искуство од лани, но мора да одиме чекор по чекор. Треба да го победиме Сити, што ќе биде многу, многу тешко“, изјави аргентинскиот стратег.

Почетино добро го познава стилот на игра на Пеп, затоа што во последните сезони, како менаџер на Тотенхем, имаше големи битки со шпанскиот стратег.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести