28.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Почесни конзули акредитирани во странство во посета на Бунарџик, Штип, Струмица и Кавадарци

Најчитани вести

Почесни конзули на Република Северна Македонија акредитирани во странство денеска ќе престојуваат во работна посета на Технолошката индустриска развојна зона (ТИРЗ) во Бунарџик, како и во посета на Штип, Струмица и Кавадарци, со цел запознавање со проектите и капацитетите за инвестиции и соработка кои ги нудат овие градови.

Посетата е во рамките на дводневната конференција на почесни конзули во организација на Министерството за надворешни работи што утринава ќе биде отворена во МНР со обраќања на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски.

Конференцијата со почесните конзули е во рамките на активностите за поефикасно реализирање на целите на економската дипломатија на Министерството за надворешни работи. Нејзината цел е да се воспостави подобра комуникација и координација на почесните конзули со институциите, како и да се запознаат со економските политики на земјата, особено во делот на зајакнување на економската и трговската соработка со странските држави.

Според најавите, почесните конзули ќе добијат значајни информации за политиките и поволностите кои ги нуди Владата за привлекување на инвестиции, развој на секторот на туризам, инфраструктурни проекти, најави за меѓународни тендери, како и други активности со цел подобар развој на економијата и преставување на Република Северна Македонија во земјите од кои доаѓаат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести