3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

Поуки за вториот круг

Најчитани вести

Од Менде Младеновски

Првиот круг од седмите по ред локални избори беше и помина. Според Државната изборна комисија, по пребројувањето на сите гласови, 34 општини добија градоначалници во првиот круг. Преостанатите кандидати ќе се избираат во вториот круг на изборите, на 31 октомври. И како што е кај нас вообичаено, уште пред ДИК да ги соопшти конечните резултати, речиси сите политички партии се прогласија себеси за победници.


Кај нас како да стана веќе традиција партиите, нестрпливи да ги почекаат конечните изборни резултати, кои вообичаено секогаш доцнат, да излегуваат во јавноста и себеси да се прогласуваат за победници. Некои од нив дури тоа го прават во стилот на познатиот македонски кошаркарски репрезентативец Владо Илиевски, кој на Европското првенство во Литванија по една победа, во излив на многу емоции изјави: „Леле луѓе што направивме“!


Некои локални политичари и кандидати дури отидоа дотаму што освоените советнички места на некои коалициски партнери, кои самостојно настапија на изборите, однапред си ги „прокнижија“ како свои. Очигледно феноменот на непризнавање на сопствените слабости и пропусти, без разлика за која и да е политичка структура да се работи, сѐ уште е присутен.


Кај нас и по 30 години од независноста сѐ уште не се нашол политичар што ќе го признае евентуалниот пропуст и ќе му честита на својот политички противник, иако, се разбира, изборите сѐ уште не се завршени и уште е рано за честитки.
Она што секако паѓа в очи е креирањето лажна еуфорија пред граѓаните, лицитирање со бројки и прогнози за освоени места, со што се потценуваат граѓаните, гласачите и нивната волја. Во секоја трка и натпревар сосема е очекувано сите учесници да се надеваат на поволен резултат. Но исто така секој натпревар има и судии и инстанци што се грижат сѐ да биде во најдобар ред. Во случајот со изборите, тоа е ДИК. Тој е клучниот арбитер и судија чија оцена треба да се почека наместо да се излегува со паушални партиски прогнози кој каде води, кој колку освоил итн. На таков начин со паушални и непроверени партиски прогнози, кои патем не се верификувани од ДИК, се лажат јавноста и граѓаните. Патем тоа никому не му служи, освен можеби за хранење и бодрење на нечија политичка суета. Затоа ваквата практика треба да престане и да не се повторува во иднина. Мора да се остави арбитерот, во случајот ДИК, да отсвири крај на натпреварот и да ги обелодени резултатите.

Но настрана веселите политички и партиски калкулации и весели математики, тоа што е позитивно од овие избори е што иако никој не ги прогласи за „фински“, сепак ако се исклучат одредени слабости и пропусти во најголем дел беа фер, демократски и „фини“. Или со еден збор, поминаа во европски манири.
Клучна и можеби најголема забелешка поврзана со изборите беше во однос на
новата биометриска техника со апаратот за отпечатоци од прсти, поради што имаше доста голем застој, што создаде нервоза кај гласачите, па некаде мораше рокот за гласање да биде продолжен и по 19 часот. Се повтори и старата практика на бавно броење на гласовите од страна на ДИК, што остава простор и за голем број манипулации и како и на претходните избори, кога откажа софтверот така и сега во голем број изборни места откажуваше регистрирањето на гласачите со апаратот за отпечатоци од прсти, па избирачките одбори мораа да се вратат на стариот начин на гласање.


Турканиците што се направија пред гласачките места поради нефункционирањето на новата биометриска техника, во голема мера создаде услови да се создаваат метежи и предуслови за ширење на коронавирусот. И како што велат дека и од грешките и пропустите може да се извлече поука, во следниот период, неопходно е сите евидентирани слабости да се отклонат со цел вториот круг да помине без ниту една најмала дамка. За такво нешто имаме и капацитет и знаење.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com